Македонија

Спречен обиди за илегален влез на 154 мигранти во земјава

Полициски службеници од МВР во координација со полициски службеници од земјите кои имаат свои контингенти на јужната граница во периодот од 20 часот на 8.8.2019 до 8 часот на 9.8.2019 спречија обиди за илегален влез на мигранти на јужната граница и тоа: на подрачјето на полициската станица Богородица 35 лица ( Пакистан 19,Индија четири и Бангладеш 12), на подрачјето на ПС Валандово 17 лица од Бангладеш, на подрачјето на ПС Михајлово седум лица од Авганистан, на подрачјето на ПС Стар Дојран и СВР Струмица 102 лица (Пакистан 29, Авганистан шест, Бангладеш 54, Сомалија седум, Еритреа шест).

На почеток