Македонија

Пендаровски два пати се сретнал со Боки 13

Претседателот Стево Пендаровски вели дека два пати во живот се видел со Боки 13 кој е осомничен за земање рекет.

„Два пати во животот во 2015 година во Кампот на слободата и на 4 ти април минатата година, кога мојот стар пријател Кабранов ме повика на интервју ме запозна со сопственикот или менаџерот на таа телефизија и толку“, рече Пендаровски.

По пвод последните случувања поврзани со случајот „Рекет“, одржа прес конференција, на која изјави дека изминатиов месец јавноста е сведок на огромна криминална афера која ги тресе темелите на важни државни институции и ја доведува под прашање, уште повеќе од досега, довербата на граѓаните во политичарите и во сопствената држава.

Прочитај го и ова: Пендаровски за „Рекет“: Отидоа на одмор како да е редовна состојба, згрозен сум и одма се да се истражи

На почеток