Свет

(ВИДЕО) Невидено снежно невреме ја зафати Австралија

Југоистокот на Австралија е зафатен од ладен бран со врнежи од снег и силен ветер. Според пишувањата на тамошните медиуми, снежното невреме предизвикало проблеми во сообраќајот и секојдневниот живот.

Возачите во австралиските држави Викторија и Нов Јужен Велс се предупредени да не патуваат доколку не мораат поради големите снежни наноси.

Силните ветришта дувале со брзина до 120 километри на час и ги опустошија државите од јужниот дел на Австралија, особено југоисточните области, предизвикувајќи сообраќајни несреќи и прекини на електрична енергија .

На почеток