пон. Авг 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Алармантна состојба во Дебарца, пожарот се шири кон куќите

Општина Дебарца втор ден стравува од страшните пожари кои зафатија шума во селото „Велмеј“. Жителите велат дека гори смрека, даб и бука, на вкупна површина од околу 50 хектари.

Дополнителен страв за жителите на селото е и ветерот кој го шири огнот, па стравуваат дека во опасност се ставаат нивните живеалишта. За „Скопје 1“ од Месната заедница велат дека ситуацијата е алармантна, а тие се гневни бидејќи во моментов само едно противпожарно возило се справува со огнената стихија.

„Утрово околку два часа пожарот го гаснеа два канадери, но, потоа, ни кажаа дека имаат забрана за летање и се повлекоа. Неофицијално, ни кажаа, дека ќе продолжат утре. Попладневно се обидовме да стапиме во контакт со Центар за управување со кризи, но никој не ни одговара на телефонските повици“, вели претседателот на месната заедница.

Попладневно опожареното подрачје го посети и градоначалникот на Општина Дебарца, Зоран Ногачески, но не е познато дали тој лично се обратил до надлежните институции за да побара помош, бидејќи до овој момент, мештаните велат дека никој не реагира за да спречи поголеми последници од огнената стихија.

Жителите на селото во Општина Дебарца се самоорганизирале за да стражарат во текот на ноќта, за да не случајно, пожарот навлезе во селото, односно, за да реагираат доколку огнот навлезе во некоја од куќите.

Close