Коментари

Италијанскиот весник: Пендаровски го става Заев во ќош и ја изолира Катица Јанева

Претседателот Пендаровски  ги пушта низ вода специјалната обвинителка и премиерот. По нашите откритија по однос на случајот со изнудата, Србија и САД бараат транспарентност. Пендаровски го става Заев во ќош.

Предизвиканиот земјотрес од објавените документи од страна на Ла Верита кои докажуваат корупција во македонскиот политички и судски систем го изолира премиерот Зоран Заев и внатрешно и надворешно. САД, освен што пратија свој претставник на консултација со македонскиот претседател Пендаровски, испратија и силна критика кон владата во Скопје, преку радиото Voice of America. По нивна линија, Пол МекКарти од ИРИ, подвлече дека кај меѓународната заедница постои силно стравување дека идејата за правда во Македонија е прегазена поради откриените факти. Попладнето, амбасадорката Кејт Барнс, потенцираше дека скандалот мора итно да се расчисти во согласност со меѓународните закони, пишува Ларис Гајзер за Магазин.мк.

Иднината

– Се работи всушност за човекот за којшто во моментов странските главни градови изгледаат со намера да се обложат на една мека и демократска транзиција, што е можно појасна. Како и да е, тој знае дека го чека тешка задача со оглед на тоа дека Вилма Рускоска е таа што ги води oбвиненијата за организиран криминал, омилената обвинителка на Заев, на којашто актуелниот премиер сака да и го даде мандатот на специјален обвинител на местото на Јанева, односно на сите случаеви за корупција кадешто и тој можеби е вмешан. Како што имавме прилика да пишуваме за екс-премиерот на конзервативците осуден за корупција, Никола Груевски, на целиот свет му е јасно дека дури премиерот и да не бил вмешан во корумпираниот систем којшто го обелоденивме, тој објективно е виновен за лошите работи што и се случија на Македонија поради неспособноста да ја води државата и неискоренувањето на криминалот што се ширел. Меѓународната позиција на Заев е дополнително загрозена, во генералниот контекст на нашите објавувања, со оглед на тоа дека дури и Шведска интервенираше во последните часови, една од најдемократските земји. Судот во Шведска го одби барањето за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет од Вилма Рускоска за тероризам бидејќи бил вмешан во упадот во Македонскиот парламент во 2017. По приведувањето по барање на Интерпол, шведските судии, не само што одбија да продолжат со екстрадиција на македонскиот граѓанин со оглед на нивната убеденост дека тој е жртва на политички прогон и дека во татковината тој не може да има фер судење , туку дури и му советуваа на прогонетиот да побара веднаш политички азил во нивната држава. Тешко дека македонскиот политички и судски систем можеше да добие поголем укор од страна на либералните демократии. Но, за жал на претседателот Стево Пендаровски, токму овие лица, тие што се сметаат за политички агенти на западот, се тие што ги водат институциите на коишто тој се надева со цел да донесат правда. Корумпираниот никогаш нема сам себе да се осуди. И, еве тој во овие часови за да има што е можно поголема меѓународна поддршка, се обидува да ја разјасни ситуацијата со што е можен поголем број странски главни градови.

Повеќе на Магазин.

На почеток