Македонија

Две лица повредени – автомобил излетал од патот и удрил во ѕид

На 12.08.2019 во 18,00 часот било пријавено дека во Радовиш на раскрсницата од булеварот „Александар Македонски“ со улицата “Чеде Филиповски Даме“ патничко моторно возило “Лада“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(41) од Радовиш,  излетало од коловозот и удрило во  ѕид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатначката Н.Ј.(38) од Радовиш, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник-малолетник кои биле пренесени во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

На почеток