Свет

Во Црна Гора од утре забрана за пушење во затворено – казна за прекршителите дo 20.000 евра

Црногорскиот Закон за ограничување на употребата на тутунски производи, според кој ќе биде забрането пушењето во затворен простор, утре стапува во сила, а за прекршителите предвидена е казна и до 20.000 евра.

Со законот строго се забранува употреба на тутунски производи во јавни затворени простории, освен во казината. Според овој закон, забранета е употребата на тутунски производи во која било просторија или дел од просторија каде што се консумира храна или пијалаци.

Со новиот закон се пропишува и забрана за ставање во промет на тутунски производи чие пакување не содржи здравствено предупредување, кое се состои од здравствено/текстуално и сликовито предупредување, кое мора да покрива по 65 отсто од предната и задната надворешна површина на поединечно пакување на тутунски производи.

Оние што ќе ги прекршат одредбите на законот може да платат казна до 20.000 евра.

На почеток