Свет

Пожар на грчкиот остров Тасос, еден од најпосетуваните за летни одмори

Пожар избувна денеска и на грчкиот остров Тасос, еден од најпосетуваните за летните одмори, објави Катимерини. Пожарот е регистриран во реонот на Парадисос во југозападниот дел од островот.

Испратени се 56 пожарникари со 25 противпожарни возила. Од воздух гасат два авиона и еден хеликоптер, нагласува весникот на својата веб страница.

Во Грција активни во моментот се четири пожари вклучително на островот Евија, во реонот на Ахаја и еден во близина на градот Тива.

На почеток