Македонија

Што кажа Лиле за Катица кај Русковска?

Над 4 часа траеше распитот на обвинителката Лиле Стефанова за аферата “Рекет”. Таа не одговараше на новинарски прашања, само кажа дека пред надлежен обвинител во Обвинителството за организи криминал и корупција кажала се што знаела за поврзаноста на “Империја” со “Рекет”.  Таа не сакаше да коментира ништо повеќе бидејќи е сведок во предметот.

Утре, пак,  свој исказ за овој случај треба да даде нејзината шефица, обвинителката Катица Јанева. Двете се во својство на сведоци, а засега само двајца се осомничени и притворени,  Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

На почеток