пон. Авг 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Смртоносното заболување ебола наскоро би можело да биде излечиво – лековите за ебола со 90% успешност

Смртоносното заболување ебола наскоро би можело да биде излечиво, бидејќи резултатите од пробните лекови покажале значајно зголемување на бројот на преживеани, соопштиле денес научниците.

Лекарите тестирале четири типа лекови на пациенти во Демократска Република Конго, каде се појавила голема епидемија од ова вирусно заболување, и се покажало дека повеќе од 90% од заразените лица можеле да преживеат ако се третираат со најефикасниот од четирите тестирани лекови во рана фаза од болеста.

Здравствените служби наведуваат дека со овие нови лекови ќе започнат лекување на сите заболени од оваа болест во ДР Конго.

Сепак, најлошата епидемија на ова вирусно заболување траела од 2014 до 2016 година, зафаќајќи ја Западна Африка, главно Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Во тоа време, околу 28.616 луѓе се разболеле, а околу 11.310 умреле.

 

Close