Македонија

Боки 13 и Зоки Кичеец остануваат во притвор уште 30 дена

Продолжен притворот за Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, за уште 30 дена, вака одлучи Кривичниот суд по барањето на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени во предметот во медиумите познат како „Рекет“, по разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена“, писмено извести Кривичниот суд.

На почеток