Македонија

Се изменува и дополнува методологијата за стратешко планирање и подготовка на годишната програма за работата на Владата

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за имплементиран нов електронски систем за стратешко планирање и подготовка на годишна Програма за работа на Владата и негово воведување во употреба за што беше задолжен Генералниот секретаријат да подготвиПредлог за изменување и дополнување на методологија за стратешко планирање и подготвување на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија.

Од министрите во Владата денеска се разгледа и усвои Информацијата за плановите за учество на Република Северна Македонија во силите на НАТО за обезбедување на источните и југоисточните граници на Алијансата – Зајакнато истурено присуство за што се задолжува Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, да спроведат консултации и отпочнат планирачки процес со Обединетото Кралство, за учество со две лица – штабен персонал во борбената група распоредена во Естонија и предводена од Обединетото Кралство, а со придонесот да се започне до крајот на 2019 година.

На почеток