сре. Дек 4th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Еве го владиниот тим кој ќе работи против криминалот и корупцијата

Владата на Република Северна Македонија на денешната 149-та седница донесе одлука за формирање на оперативен тим кој преку координиран пристап бескомпромисно ќе работи во борбата против криминалот и корупцијата и кој ќе биде составен од највисоките претставници на институциите од извршната власт. Со оперативниот тим ќе раководи заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.  Во оперативниот тим ќе членуваат министерката за правда Рената Дескоска, заменик  министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, директор на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми, директор на Царинската управа на Република Северна Македонија, Ѓоко Танасоски, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов, досегашниот заменик директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Ариф Асани и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.

„Со оваа одлука Владата на Република Северна Македонија покажува силна решеност да не запре борбата против криминалот и корупцијата како стратешка определба“, велат од Владата.

 

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com