пон. Авг 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Вонреден лов на диви свињи во земјава, намалувајќи ја популацијата државата ќе се бори против африканската чума

Почнува вонреден отсрел на дива свиња. Ловците се мобилизираат. Државата бара од нив да ја намалат популацијата на овие животни, кои лесно можат да ја пренесат опасната африканска свинска чума и да ги заразат свињите по македонските фарми.

Посебни дозволи за влез во шумите ќе добијат ловците за да можат да ги  ловат диви свињи. Дозвола можат да извададат од подрачните единици на Македонски шуми.

Сепак, ловците велат дека концесионерите на ловиштата се во лоша финансиска состојба и не можат да се справат со месото од животните, па ќе бараат помош од државата.

АХВ воведе посебни правила за ловот на дивите свињи во следниот период. Секое мртво животно ќе мора да се однесе на испитување. Додека не се добијат резултатите, месото не смее да се пушти во промет. Секоја мрша која ќе биде пронајдена ќе мора да се пријави, но ловците не смеат да ја допираат.

 

Close