саб. Дек 7th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Почина Гордан Михиќ, сценаристот на „Среќна Нова ’49“ и „Дом за бесење“

Познатиот српски сценарист и драмски писател Гордан Михиќ почина на 82-годишна возраст, погребан е на гробиштата на манастирот Рајиновац, објави неговата ќерка, актерката Ивана Михиќ, преку „Твитер“, јави РТС.

Гордан Михиќ беше редовен професор на Факултетот за драмски уметности во Белград, каде предаваше филмско сценарио. Од неговото перо излегоа некои од најпознатите филмови и серии на југословенската и српска кинематографија, меѓу кои се: „Немањичи“, „Ранета земја“, „Лажливо лето ’68“, „Камионџии“, „Дом за бесење“, „Балкан експрес“, „Дојде време да се проба љубов“, „Јагуаров скок“, „Сивиот дом“, „Кога ќе бидам мртов и бел“, „Заборавени“, „Танго Аргентино“, како и македонскиот филм на режисерот Столе Попов, „Среќна Нова 49“, за кој во 1986 година ја доби Златната арена на филмскиот фестивал во Пула.

Добитник е на наградата „Кристална призма“ за севкупен придонес кон српскиот филм и на „Златен печат“, престижната награда што ја доделува Југословенската кинотека.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com