пон. Авг 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Геровски: По изјавата на Заев, јас сум мета на напади од сдсмовски ботови

По изјавата на Заев дека суетен новинар не може да ја урне Владата, но и по реакцијата од Бранко Геровски дека не се чувствува безбедно, новинарот вели дека бил мета на организирани напади од „сдсмовски ботови“.

„Вечерва (синоќа), после скандалозната изјава на Заев, бев мета на организирани напади на сдсмовските ботови, но и на многу приврзаници на Заев кои не можат да се соочат со вистината дека нивниот обожуван лидер не е она што беше. Ќе бидам искрен и ќе ви кажам дека многу ми е жал што Заев влезе во ваков филм. Никогаш не помислував дека од овој човек, од мојот пријател Зоки, можам да се надевам на вакво нешто. Ваква оркестрирана харанга, вакви страшни и неосновани клевети. Се прашувам дали ноќеска треба да очекувам партиската војска да ми тропне на врата или нешто уште пострашно да се случи… Во меѓувреме, од листата на пријатели и следбеници на Фејсбук, избришав и изблокирав многу луѓе за кои вечерва конечно сфатив дека не се способни да мислат со сопствените глави и не го зсслужуваат моето внимание. Тоа е мојот акциски план и за наредните денови. Кој сака да ме клевети и навредува, ќе мора тоа да го прави на сопствениот ѕид. Јас немам ни време ни енергија со таквите ликови да терам полемики“, пишува Геровски

Close