саб. Дек 7th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Генералниот секретар на СДСМ го брани шефот Заев: Да не беше тој ќе бевме изолирана држава

Новоизбраниот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски Новинарката по изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече „Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја урне Влада“ вели дека да не бил премиерот, оваа држава ќе била изолирана.

„Да не беше Зоран Заев уште ќе траеше борбата за слобода и демократија. Ќе бевме заробена и изолирана држава. Ќе владееше стравот и молкот а медиумите и судството уште повеќе поклопени од режимот. Да не беше тој немаше да имаме премиер што одговара на секој, што ги слуша сите, што има трпение и храброст за секоја потреба и цел на граѓаните. Да не беше тој денес немаше да бидеме земја – светол пример, пред влез во НАТО и пред вратата на ЕУ. И кога човек е борец и успева државата да ја води напред, тогаш криминалците и непријателите ќе се здружат против напредокот. Граѓаните секогаш ќе ја изберат правдата и државата а не мафијата. Светлата иднина а не мрачното минато. Затоа ќе успееме!“, напиша Љупчо Николовски.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com