пон. Авг 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Куновска по изјавата на Заев: Почна по кревети да ни влегува, да се провери деловната способност на човеков

Ужас, и по кревети почна да ни влегува човеков, се смее поранешната пратеничка на СДСМ и актерка, Софија Куновска, алудирајќи на вчерашната скандалозна изјава на премиерот, кој вели дека нема да дозволи „криминалци, еден суетен новинар и еден педер” да ја урнат владата.

„Добро утро! Добри сте? Сè беше јасно уште од времето на „жицата за алишта”, а камо ли пак од времето на „мрчат”. Само не сфатив дали „светел” по повод последнава квалификација. Ужас, и по кревети почна да ни влегува човеков. Останува нејасно само како се чувствуваат „големите демократи” во владата, собранието и партијата по повод овие интелектуални височини made by Zeta Zeta.
P.S. Важно !!! Ако нема, да се воведе задолжителен здравствен преглед каде се проверува деловна способност за функционерите?”, напиша Куновска

Close