Скопје

Судар во Скопје, едно лице пренесено во болница

На 13.08.2019 во 19,50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Македонско Косовско бригада“ патничко моторно возило “Пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.М.(67) од Скопје удрило во З.А.(59) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.А., која била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

На почеток