пон. Авг 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

МВР со детали за убиеното момче во Ново Лисиче

На 14.08.2019 во 00,35 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Февруарски поход“ започнала расправија од страна на неколку лица со А.Т. (18) кој бил во друштво со К.Д. (17), која продолжила и со физичка пресметка.

Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х. (17). Н.Х. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде починал, а А.Т. е пронајден и приведен во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот.

Close