Македонија

Тешка сообраќајка во Кичево, сопатничка со сериозни повреди

На 13.08.2019 во 18,40 часот на локалниот пат за с.Грешница-кичевско патничко моторно возило „Опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(74) од истото село, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката З.Р.(75) од с.Грешница, по што била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.

На почеток