Скопје

Убиеното момче во Ново Лисиче бил кошаркар на МЗТ Скопје

Седумнаесет годишен кошаркар на МЗТ Скопје, Никола Христовски, кој играл за кадетите и јуниорите на „штрковите“ е тинејџерот кој синоќа смртно настрада во тепачка во скопската населба Аеродром, откако бил избоден со нож од една година постар тинејџер, пренесува Спорт 1.

Инаку, тепачката се случила синоќа после полноќ на улицата „Февруарски поход“ во Ново Лисиче, откако една вербална расправија се претворила во трагедија. Настраданото момче со брза помош итно било префрлено во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, за да му биде укажана лекарска помош, но таму им подлегнал на повредите.

Напаѓачот бил експресно пронајден и приведен, а од полицијата објавија дека сега работат на расчистување на случајот.

На почеток