вто. Дек 10th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Oбвинителот од СЈО Бурим Рустеми повикан на распит за случајот „Рекет“

Обвинителот Бурим Рустеми од СЈО добил покана да се јави на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“. Тој ја потврди информацијата за „360 степени“. Вели дека распитот е најавен пред неколку дена, но се уште не го утврдиле точниот термин поради тоа што обвинителот има и закажани рочишта за предметите на СЈО што тој ги застапува пред суд.

Рустеми за „360 степени“одбил да даде коментат дали тој може да помогне во истрагата за рекетирањето.

Инаку сите што се повикуваат на распит за „Рекет“ во оваа фаза од постапката се во својство на сведоци. Додека Обвинителството не одлучи да ја прошири истрагата, засега единствени осомничени се Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милевски (Зоки Кичеец), за кои судот одобри нови триесет дена притвор.

Текстот во целост на: „360 степени“

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com