пон. Дек 9th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Засилено темпо на работа на булеварот Кочо Рацин

Со засилено темпо се извршуваат градежните работи од проектот за реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Свети Кирил и Методиј во должина од 880 метри.

Екипите на терен вчера во вечерните часови го отстрануваа стариот и оштетен коловоз на потегот од крстосницата со улицата 11 Октомври до крстосницата со улицата Свети Кирил и Методиј.

Градот Скопје продолжува да го применува истиот принцип на брза и квалитетна работа и реконструкциите на сите улици  во текот на оваа градежна сезона ги завршува со рекордно кратки рокови со цел да го намали сообраќајниот метеж.

Додека траат градежните работи,на булеварот Кочо Рацин е воведен привремен режим на сообраќај.

Г

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

 

 

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com