пон. Авг 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ФОТО) Се отстранува сонцето од Вергина од шахти, на плочници, спортски сали, игралишта – утрово се стругаа шахтите на плоштадот

Утрово во Скопје, на плоштадот Филип Втори, работници го отстрануваа Сонцето од Кутлеш од шахтите поставени на плочникот, објави digitalnews.mk

Рокот кој им е даден на институциите да приложат листа од објекти, но и јавен простор каде се истакнати симболи поврзани со античката еленска историја, во кои спаѓа сонцето од Вергина е 14 дена.

Сонцето од Вергина го има на споменици во центарот на Скопје, на шахти на водовод, на подземна електрика, на плочници во Скопје и други градови во земјава, спортски сали и игралишта, а го има и на неколку општински знамиња и грбови.

Највпечатливо сонце од Вергина беше тоа на тепихот во кабинетот на директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кое по потпишувањето на Договорот од Преспа е отстрането.

Текстот во целост на: digitalnews.mk

Close