Скопје

Општина Чаир со апел: “Помогни за почиста животна средина, почни од себе и твоето семејство!

Општина Чаир со апел: “Помогни за почиста животна средина, почни од себе и твоето семејство! Почитувај ја искрената работа на работниците!“

Општинските служби за одржување на јавната чистота се наоѓаат на терен вршејќи ја највредната работа работа за нашето здравје – чистењето на улиците од фрлениот отпад таму каде не му е местото и несомнено дека ја заслужуваат нашата почит.

Нивната искрена работа не ја заслужува нашата негрижа. Затоа, почитувани сограѓани размислете добро пред да го фрлите ѓубрето таму каде не му е местото. Почитувај ја потта на искрените работници за твојата нога секој ден да гази низ чистите улици на општината. Помогни колку што можеш за чиста животна средина, започни од себе и твоето семејство!

Денешниот работен ден го поминаа чистејќи ги следните улици:

– Во населба Топанско Поле: ул. Никола Малешевски, Август Цезарец, Ѓорѓи Поп Христов и Методија Митевски
– Во населба Топаана: Максут Садик, Славеј Планина и 376
– Во населба Дуќанџик: Азем Хајдари и Прохор Пчињски.

На почеток