саб. Окт 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Фатиме Фетаи ја пцуела Катица Јанева: Не може да сфатам како може да нареди да ме претресуваат

-Сочно опцув и тргнав во нејзината канцеларија за да видам зошто како обвинители кои 4 години се бориме за СЈО сега по нејзина наредба треба да бидеме претресувани. Таа беше излезена, а мене ми беше тешко и дури почнав да плачам поради таквото нејзино однесување, ни изјави телефонски обвинителката во СЈО Фатиме Фетаи, која по враќање од пауза била сопрена од полицаец на влезот во специјалното обвинителство за да и ја претресе торбата.

Фетаи вели дека полицаецот и кажал како наредбата е засите вработени во СЈО и дека претресите треба да се изведуваат и при влегување и излегување во зградата на Рузвелтова.

-Не може да сфатам како почна да се наредува такви работи откако ние 4 години по судници и секаде се бориме за СЈО, вели Фетаи за Телма.

Претходно наредбата за претрес и за забрана за излегување на службениците во СЈО пред зградата била кажана и на вработените во специјалното обвинителство.

Таа ни потврди и дека во понеделник сите присутни обвинители (бидејќи неколкумина се на одмор, а Стефанова беше на рочиште) биле на колегиум.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close