Свет

Во Белград прегазени четиригодишно девојче и дадилка

Четиригодишното девојче е  тешко повредено откако било прегазено од автомобил кој се движел наназад. Девојче било примено на детската клиника во Белград каде му биле констатирани тешки телесни повреди опасни по живот, односно фрактура на черепот.

Полицијата за кратко време го идентификувала возачот, 22-годишниот Милан Ш и автомобилот кој го прегазил детето, кој имал оштетување на задната страна.

Возачот бил сослушан по налог на Второто јавно обвинителство поради тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај и против него била поднесена кривична пријава.

 

На почеток