Видео и Фото

(ВИДЕО) Пороен дожд го зафати Истанбул, невремето зеде една жртва – Капали чаршија под вода

Поројни врнежи го погодија турскиот град Истанбул, а поплавени се улиците и подрумите, а пореметен е железничкиот и траектниот сообраќај. Медиумите јавуваат за еден загинат човек, чие тело било пронајдено во поплавен подвозник.

Истанбулските градски власти го запреа превозот на траектите преку Босфор, а во прекин се и некои трамвајски линии во мегалополисот.

Локалните медиуми пренесуваат и дека еден автомобил паднал во јаз поради пропаѓање на дел од коловозот како последица од поројните врнежи, но дека патниците во него не биле повредени.

На почеток