Македонија

15 годишно момче се удави во Пчиња, кај кумановското село Шупли Камен

Петнаесетгодишно момче од кумановското село Љубодраг се удави во реката Пчиња, во селото Шупли Камен. Немилиот настан се случи денеска околу 16 часот, кога детето заедно со своите другарчиња влегло да плива во еден од вировите  длабок околу 3,5 метри. Притоа го повлекла водата и пропаднало.

Луѓето кои биле со него се обиделе да го пронајдат, но безуспешно.

Веднаш била известена полицијата која пристигнала и заедно со мештаните ја започнала потрагата.

По еден час било извадено безживотното тело на несреќното момче. Увид на лице место извршила полицијата и јавен обвинител.

На почеток