Актуелно

Изгореа 15.000 домови до Дака, Бангладеш

Во голем пожар во Дака, престолнината на Бангладеш, изгореа 15.000 домов, а 50.000 луѓе останаа без покрив на главата.

Пожарот избувнал во сиромашна населба, каде поголем дел од бараките се изградени од лесно запаллива материја, пренесе Би-би-си. Според податоците, нема загинати, а неколку луѓе се потешко повредени.

Причината за пожарот не е позната, а Владата на Бангладеш најави помош на сите кои останаа без своите домови.

На почеток