Скопје

63-годишен маж паднал од куќа во Радишани, починал во болница

На 18.08.2019 во 11,00 часот во СВР Скопје од комплексот клиники “Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Б.С.(63) од Богданци, кој  бил ангажиран за изведување градежни работи на куќа во нас.Радишани.

Имено, според пријавеното, околу 08,00 часот Б.С. при изведување на работи, паднал од висина и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болница, каде околу 10,45 часот починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

На почеток