Македонија

Регулаторна го објави новиот ценовник на горивата

Регулаторната комисија за енергетика на својата интернет страна го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе стапи во сила од ноќеска по полноќ. Според новиот ценовник, цените на бензините Супер – 95 и Супер – 98 остануваат непроменети, ќе се продаваат по цена од 66,50 и 68,50 денари, а промена нема да има ниту во цената на дизелот, кој и следниве седум дена ќе се продава по цена од 60,50 денари.

Ценовникот ќе остане во слила до следниот понеделник.

На почеток