чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Сослушана пензионерката Лилјана Тодоровска, на распит Зоки Кически, следен Боки 13

Второосомничениот во предметот „Рекет“ Зоран Милески – Кичеец веќе два часа е на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал – јави порталот Нова.

Според порталот, Милески околу 12 часот од затворот Шутка е донесен во обвинителството. Милески се сомничи за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Во меѓувреме во Обвинителството за организиран криминал на распит беше повикана и пенизонерката Лилјана Тодоровски која добила 720 илјади евра за идејата за европски центри за возрасни лица. Парите биле исплатени по договорот што го потпишале Меѓународниот сојуз и компанијата на Силјан Мицковски, ГП „Пелистер“, но таа тврдеше дека парите веднаш и ги зела жена од Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Се очекува на распит да биде повикан и Бојан Јовановски – познат како Боки 13.

Утре на распит кај обвинителката Вилма Русковска треба да се појави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Од Обвинителството за организиран криминал велат дека освен Јовановски и Милески сите други се повикани во својство на сведок се додека со проширување на истрагата евентуално не се утврди друго својство на повиканите.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close