Скопје

Скопјанка пазарела на интернет со туѓа платежна картичка

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ј.И.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo.

„Пријавената со платежна картичка на оштетено физичко лице направила 15 онлајн трансакции, при што нанела штета за околу 33.000 денари. Ј.И. од македонски ИП адреси извршила успешни трансакции на продажни места на повеќе фирми на интернет и притоа ја оставала својата е-маил адреса. Исто така, на 05.09.2018 година пријавената направила уште една трансакција на банкомат во Скопје во висина од 6.000 денари“, соопштуваат од МВР.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток