чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Исповед: Да се лечиме, да поправаме заби, да купиме нови чевли e луксуз – се крпи една дупка, додека друга се отвара

Не убедија дека е луксуз да излезеш барем еднаш месечно со семејството на ручек. Не убедија дека е нормално да трпиме, да немаме, да се позајмуваме и постојано да мечтаеме за нешто. Не убедија дека е луксуз да заминеме со семејството на летување, и тоа на рати.

Не убедија дека е расфрлување, ако имаме повеќе од два пара чевли, а дека е нормално да се бира на кој член од семејството оваа зима ќе му се купат нови чизми…

Станавме нација дебела од леб, бидејќи немаме пари за месо. Станавме земја на исфрустрирани родители бидејќи на децата не можеме да им ги дадеме она што ќе ги прави да се среќни. Станавме земја на скарани сопружници, бидејќи постојано сме под стрес, нервозни и несреќни. Станавме губитници, а не ни е јасно зошто.

Чесно си го завршивме училиштето, чесно си ја работиме својата работа, но нашата држава не е задоволна – не цеди додека не попаѓаме и не убедува дека тоа е нормално. Да, така треба. Тоа е совршено нормално. Наместо да викаме “сакаме подобро”, ние тивко си кажуваме, никој да не слушне “може да биде и полошо”… Не тежнееме кон среќен живот, туку се плашиме од поголема несреќа.

Срамно се зборува за некоја си минимална плата, со која ниту минималните трошоци не можат да се покријат. Двајца родители со минимална плата, две деца дома на кои мора да им се купи и зимска јакна, зимски чизми, а за нов автомобил не се ни помисливу на сон.

Да се лечиме, да поправаме заби, да купиме нови чевли, да купиме нов фрижидер во домот, сетоа тоа станува луксуз. Една година се штеди за огревно дрво. Се крпи една дупка, додека друга се отвара. Должиме за струја, за вода. Доаѓаат на врата извршители, а луѓето се плашат дека ќе останат и без тоа малку што го имаат.

Се разболуваат, па и така болни работат, бидејќи е луксуз да седиш на боледување.

Ни ги омаловажија родителите во старост. Наместо да бираат во која бања ќе одат, да уживаат со внуците, тие ги гледаат преку Скајп, бидејќи се во странство, во потрага по нешто далеку подобро.

Децата ни растат во убедување дека вака е нормално да се живее, за разлика од семејствата во другите нормални земји каде може да се испланира некаде да се отпатува за време на празниците, децата да запознаат некоја нова култура, да запознаваат други луѓе.

Бидејќи, во последните 20 годни политичарите истераа повеќе народ од државата, отколку Турците за пет векови.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close