Скопје

„Скопје РОК Хакатон 2018“ за студенти и млади претприемачи од 9 до 11 ноември

Во НУБ „Св. Климент Охридски“ во периодот од 9 до 11 ноември во Скопје ќе се одржува „Скопје РОК Хакатон 2018“, дводневен маратон за ко-креирање наменет за студенти, млади професионалци и претприемачи.

Целта е да се зајакне еко–претприемништвото, одржливите бизнис иновации и мрежите за соработка, кои според организаторите претставуваат клучни слоеви за ефективни и инклузивни решенија за главните предизвици со кои се соочува градот во однос на животната средина, вклучувајќи ги и климатските промени.

Во хакатонот може да учествуваат сите што сакаат да бидат вклучени во изнаоѓање на решенија за општествените предизвици и предизвиците во однос на животната средина, климатските промени, пристапноста до културното наследство и урбаната отпорност, со градење на одржливи и инклузивни деловни решенија.

Ова особено важи за  студенти од различни области како бизнис, архитектура, шумарство итн, потоа млади професионалци кои бараат вработување во полето на одржливост / климатски иновации, млади еко–претприемачи коишто бараат идеи, можности и/или тимски соработници и граѓани што се заинтересирани да го трансформираат својот град во еден отпорен урбан систем.

Целосно инфо за хакатонот, регистрација и контакти ТУКА.

Инаку, хакатонот е дел од проектот РОК, финансиран од Хоризонт 2020, како и од иницијативата Young Ecopreneurs Climathons 2018 (Климатони за млади еко–претприемачи 2018), кој вклучува зелени хакатони во многу градови ширум светот коишто се одржуваат во текот на целата пролет и есен. Тие завршуваат со Конференцијата за климатски промени на ОН 2018 (COP24), во Катовице (Полска), во периодот од 3 до 14 декември.

Организатори на хакатонот се Градот Скопје, заедно со Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Архитектонски факултет, и Центарот за иновации на Градот Скопје – Скопје Лаб

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток