Некатегоризирани

Локализиран пожарот кај Велес, изгореа над 200 хектари борова шума, свињарска фарма и викендичка

Рано утрово големиот шумски пожат кај Езерото Младост кај Велес беше локализиран, информираат противпожарните служби. Изгореа 200 хектари борова шума, а пожарот беше распространет на 400 хектари. Изгоре и една викендичка и една свињарска фарма. Четири лица се приведени и осомничени дека го предизвикале пожарот.

https://www.facebook.com/trmrveles/videos/1982102615223302/?v=1982102615223302

Во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари од Велес, Свети Николе, Штип, Кавадарци, Неготино и Скопје, припадници на армијата, два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и еден армиски хеликоптер, а помош пристигна и од вработените во шумските претпријатија.

Според првичните информации на МВР, четири лица од градежна фирма од Велес, кои извршувале градежни работи со брусалица, се приведени во СВР Велес под сомнение дека го предизвикале пожарот.

Пожарот ги вознемири граѓаните, кои преку социјалните мрежи почнаа да се организираат во иницијатива за повторно засадување на изгорената шума.

На почеток