Македонија

Криминалите на Груевски и Јанакиески нанесоа огромни штети на Македонија

На денешните „напади“ од ВМРО-ДПМНЕ, вратија и од владеачката СДСМ. Тие истакнаа дека работат за санирање на штетите на поранешниот премиер Никола Груевски, кој според нив, нанел огромни штети на државата, заедно со Миле Јанакиески, притоа мислејќи единствено за свои провизии и проценти.

„Ало Миле ми текна, и носителот на криминалот, Никола Груевски, мислеа само на провизии и процени од нив. Затоа 11 години во Македонија не се градеа патишта а она што беше почнато беше единствено криминална шема на штета на граѓаните и буџетот.

Само заради остварување на криминалните интереси на Никола Груевски и Миле Јанакиески, на автопатот Кичево-Охрид забележани се бројни пропусти кои резултираа со дополнителни трошоци за негова изградба.

Само заради лично богатење, бил заобиколен законот за јавни набавки, а штета врз буџетот со директниот договор е над 155 милиони евра, за што предмети отворија независни правосудни органи и се водат судски постапки.

Тоа е истиот Никола Груевски, кој е ментор на Христијан Мицкоски, кој му доделува 33 илјади метри квадратни земјиште на фирмите на Мицкоски за хидроцентрали. Тоа е истиот Миле Јанакиески чии најблиски соработници, Димовски и Јанушев, се дел од шемите со фирмите на Мицкоски и дел од антизапдното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДСМ ги санираше штетите, ги реши наследените проблеми на автопатот создадени токму од неодговорното и криминално однесување на ВМРО-ДПМНЕ и заштеди 95 милиони евра. Останува надлежните правосудни органи да одлучат за одговороноста.

Залудни се обидите на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ преку лажни вести да ги сокријат штетите врз Буџетoт создадени од криминалното владеење на Груевски и неговата десна рака Миле Јанакиески.“, велат од СДСМ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток