Видео и Фото

Богоев ја асфалтираше улицата каде е семејната куќа на Боки 13

Општина Карпош целосно го реконструираше коловозот и тротоарите, на потегот од ул. „Париска” , кружниот тек кај гимназијата „Георги Димитров” до булевар „8 Септември. Исто така, на оваа линија се постави и целосно нова фекална, атмосферска и водоводна мрежа, изјави Филип Даскаловски, координатор на советничка група на СДСМ во Совет на Општина Карпош. На „Варшавска” се направи и нов паркинг простор, со цел да се олесни паркирањето за граѓаните од околните згради.

А токму на оваа улица е семејната куќа на Бојан Јовановски познат како Боки 13, кој е првоосомничен во случајот „Рекет“. На „Варшавска“ живеат неговите родители, а полицијата го претресуваше домот при неговото апсење. Во јавноста подолго време кружеа фотографии од Стефан Богоев и Боки 13, а се збореше и за нивната блискост.

 

На почеток