Коментари

Тасевски за Кежо: Го користеа како жртва и параден коњ додека дојдоа на власт

На новинарот Томислав Кежаровски нема да му се суди за случајот „Ликвидација“, поради застарување на кривичното дело за кое беше гонет (откривање на идентитет на заштитен сведок), соопшти на денешното судско рочиште обвинителката Марија Ѓорѓева. За Кежаровски оваа одлука е рамна на доживотна казна. Еве што за тоа мисли актерот Сашо Тасевски:

Му застаре делото на Кежо. Нема ново судење. Не може да докаже дека бил жртва на полициско, партиско судски монтиран процес. Зошто? За да не се дојде до главните џелати во тој срамен процес. Џелати кои уште судат, обвинуваат и тренираат строгост. И имаат уште поблескави кариери, отколку во време на Груевски. А бе браво. Во превод, обвинетите со Кежо ќе си останат ни виновни ни невини до крај на животот. Ама виновни малку повеќе, зашто нема разврска. Или го користеа како жртва и параден коњ додека дојдоа на власт, а сега кој го ебе. Извини Кежо за ова последново, ама така е, напиша Тасевски на ФБ.

На почеток