Македонија

Воени претставници на 29-те земји членки на НАТО во прва посета на АРМ

Високи воени претставници на 29 – те земји членки на Воениот комитет на НАТО, предводени од заменик претседавачот генерал-потполковник Стивен Шепро, денеска и утре првпат ќе престојуваат во посета на Армијата на Република Македонија.

За време на посетата, од страна на  домаќинот началникот на ГШ на АРМ генерал-мајот Васко Ѓурчиновски, а по покана од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, претставниците на Воениот комитет на НАТО, ќе бидат запознати со постигнувањата, подготвеноста и идните планови на Република Македонија – АРМ за полноправно членство во Алијансата.

Во касарната „Илинден“ во Скопје планирана е и вежба за демонстрација на оперативните способности опремата и техниката на дел од декларираните единици од Здружената оперативна команда.

Воениот комитет е највисоко воено консултативно тело на НАТО, формирано неколку месеци по формирањето на Алијансата, а го сочинуваат началниците на Генералштабовите на Армите на земјите – членки на НАТО. Воениот комитет на ниво на началници се состанува три пати годишно, додека воените претставници на НАТО земјите најмалку еднаш седмично. Има три функции и тоа советодавна за Северноатлантскиот совет, потоа конекција односно даваат политика и стратегија на двете стратегиски команди на НАТО, а тоа се командите на НАТО за трансформација и за операции. Третата функција, пак, е преведување на дипломатскиот јазик, односно насоките од Северноатлантскиот совет од политиката на воен јазик.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток