Скопје

Мотоциклист тешко повреди 4 жени во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа се случи пред половина час на булеварот Илинденска во близина на Средното училиште Орце Николов.

Според очевидците за Сител, мототциклист на пешачки премин повреди четири жени.

Пешаците се здобиле со тешки телесни повреди и со неколку возила на Брзата помош биле пренесени во болница.

На местото на несреќата на терен излегла полицијата каде во моментов врши увид.

На почеток