Актуелно

Масивен сстероид голем колку Ајфеловата кула денеска минува покрај Земјата

Масивен астероид со големина на Ајфеловата кула, денес би требало да помине покрај Земјата, предупредуваат од НАСА. Астероидот е толку многу голем што доколку удри во Земјата ќе направи кратер од околу 5 километри, но и потенцијално масовно уништување.

Астероидот „2019 GT3“ ќе помине покрај Земјата со брзина од околу 50.000 км/ч.

Тој ќе дојде до близина од 7,4 милиони километри оддалеченост од Земјата што го става во категоријата на потенцијално опасни астероиди кои поради близината можат да бидат привлечени од земјината гравитација и да се упатат кон неа.

 

To Top