чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Силановска Давкова: Жал ми е што не можам да дојдам на „Школка“, но не ги препознавам ниту боите, нити името на МАКЕДОНСКАТА РЕПУБЛИКА

фејсбук статус на Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова:

Да ни е вечен „ 8-МИ Септември“, Денот на Суверена и Независна Република Македонија! Почит за Глигоров, Андов, Кљусев, Гошев, Алити, пратениците од првиот состав на Собранието, а најмногу за граѓаните на Република Македонија за мудро и мирно извојуваната независност, легално и легитимно. Постреферендумската радост на плоштадот Македонија и денес ме вознемирува до солзи со јасната порака: „Ние, НАРОДОТ “ Републиката за која генерации Македонци сонувале, се бореле и умирале, блесна во традиционалното свечено, црвено-црно-жолто руво. „8-ми“ Септември е неизбришлив дел од мојот, од нашиот, македонски идентитет без разлика дали сме тука или надвор! Жал ми е што не можам да дојдам на „Школка“, но не ги препознавам ниту боите, нити името на МАКЕДОНСКАТА РЕПУБЛИКА.

Порака за Денот на независноста. Да ни е вечен „ 8-МИ Септември“, Денот на Суверена и Независна Република Македонија! …

Geplaatst door Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова op Zaterdag 7 september 2019

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close