чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ВИДЕО: Фатиме и Ленче со охридскиот градоначалник го слушаа говорот на Заев

На прославата за Денот на независноста на Македонија, која се одржува во Градскиот парк во Скопје, меѓу присутните беа и обвинителите на СЈО, но и охридскиот градоначалник Константин Георгиевски.

Обвинителките Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска, стоеа меѓу присутните и го слушаа говорот на премиерот Зоран Заев. Веднаш зад нив, друштво им правеше и охридскиот градоначалник Константин Георгиевски.

Чествувањето на Денот на независноста-28 години од успешно спроведениот референдум во 1991 година на кој мнозинството граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава започна со полагање на свежо цвеќе на гробовите на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров.

Свеченото одбележување се одвива под мотото „Боите на независноста“, а  заедничката прослава  е во Градскиот парк, пред Школка.

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close