чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ФОТО) Мицкоски од врвот Кораб го развиори македонското знаме за денот на независноста: Среќен роденден Македонијо!

ФБ статус на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:

Денес на 2 764 метри надморска висина, врвот Кораб највисокиот во нашата преубава Македонија. Денеска 8 септември Денот на независноста, да го славиме вечно, се додека сонцето го изгрева утрото. Да се избориме за нашата земја, во ова време, невреме, кога силно не влечат на дното, кога животот станува пекол, а секој од вас чувствува и знае дека ова денес не е она за што се бореа нашите во минатото и она што ние го сакаме денес. Затоа заеднички да се избориме за подобро, за обнова и иднина. А кој друг ако не сите ние, и не затоа што е лесно, туку затоа Македонија е нашето се. Тоа е наше име и презиме, нашиот завет, она што сме и ќе продолжиме да бидеме.
Среќен роденден Македонијо. Биди вечна и исправена на секоја бура и невреме. Биди горда и достоинствена, слободна и независна!
Да сте живи и здрави Македонци!

Geplaatst door Hristijan Mickoski op Zondag 8 september 2019

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close