вто. Фев 18th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ВИДЕО) Голем пожар во битолската Стара чаршија – уништени неколку објекти, за среќа нема повредени

Порталот „Бабам Битола“ објави фотографии и видеа од пожар во старата битолска чаршија.

Пожарот избил околу 13 часот во Старата битолска чаршија и истиот бил локализиран после скоро 3 часа. Од битолската пожарна велат дека за малку била избегната катастрофа, бидејќи во овој дел има низа од 15-тина дуќани кои што се еден до друг. Пожарот го гаснеле три возила со 12 пожарникари, а помагале и сопствениците и вработените во околните дуќани се со цел истиот да не се прошири.

Во пожарот нема повредени, а истрагата треба да покаже кои се причините за настанувањето на истиот во напуштениот објект кој зафати и други дуќани.