чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Палмер: Уверен сум дека Северна Македонија наскоро ќе влезе во НАТО

Beograd, 5. aprila 2018 - Direktor kancelarije za KiM Marko Djuric sastao se danas sa vrsiocem duznosti zamenika pomocnika drzavnog sekretara SAD Metjuom Palmerom. FOTO TANJUG / ZORAN ZESTIC / bb

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Метју Палмер изјави дека е уверен дека Северна Македонија наскоро ќе стане 30 членка на НАТО, објави slobodnaevropa.mк.

„Останаа извесен број членки кои треба да го ратификуваат протоколот за пристапување, вклучувајќи ги и САД. Тоа бара интерна процедура во Сенатот и се надеваме дека се ќе биде завршено до декември. Доколку тоа не се случи, тогаш ќе одредиме некој друг датум за неколку месеци“, рече Палмер во интервју за Радиотелевизија Црна Гора. Тој оцени и дека Русија сака регион заснован врз нереди и недоверба. „Западен Балкан го гледаме како член на семејството на западни земји, интегрирани во евроатлантските институции, како земји со кои се соработува врз основа на правила и норми. Русите покажаа дека сакаат регион заснован врз нереди и на недоверба. Мислам дека тоа најјасно го видовме во Црна Гора кога Русите го поддржаа државниот удар во 2016 година за да се спречи земјата да влезе во НАТО“, рече Палмер, додавајќи: „Мислам дека Русите не завршија со настојувањата да прават проблеми во Црна Гора и на Западен Балкан“.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close