Магазин

Шумахер пренесен во клиника во Париз на третман со матични клетки

Легендарниот Формула 1 пилот не е виден во јавноста од трагичната скијачка несреќа пред пет години. Францускиот весник Le Parisien  објави дека тој сега ќе прима терапија со матични клетки од врвен кардиоваскуларен хирург.

Според  весникот Шумахер бил префрлен од Швајцарија во Париз за дводневна терапија во болницата „Жорџ Помпиду“.

Инаку Михаил Шумахер пред пет години доживеа тешка несреќа на скијање и доби сериозни повреди на главата. Оттогаш многу малку се знае за здравствената состојба на најуспешниот возач во историјата на Формула 1. И оние малку информации што „протекоа“ низ годините шпекулираат дека состојбата му е лоша, дека не може да се движи, ни да зборува.

 

На почеток